Skip to content

Потпишување на меморандум за разбирање во областа на електронските комуникации меѓу Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и регулаторната Агенција за комуникации на Босна и Херцеговина

Агенцијата за електронски комуникации на 24.04.2012  во Сараево потпиша Меморандум за разбирање во областа на електронските комуникации со Регулаторната Агенција за комуникации на  Босна и Херцеговина.  Со овој Меморандум за разбирање двете агенции ги утврдија начинот и формите на соработка за прашањата сврзани за размена на информации, искуства, стратегии и документации што се однесуваат на развојот на регулирањето на електронските комуникации во двете земји. На разговорите кои беа водени  за време на работната посета  во Сараево беа определени приоритетите за соработка за следниот период како и заедничките активности и ставови во однос на пазарите на електронски комуникации во Македонија и Босна и Херцеговина и во регионот.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.