Select Page

Врз основа на член 105 од Законот за електронските комуникации  (Сл. Весник на Република Македонија бр.13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, 83/2010, 13/2012, 59/2012 , 123/12 и 23/2013) во кој во став 1 стои дека:

„Агенцијата пред да донесе или измени одлуки или други подзаконски акти од своја надлежност, а кои значително влијаат на релевантниот пазар на електронски комуникации, како и пред да ја донесе годишната програма за работа за наредната година, е должна на својата веб страница јавно да ја објави предложената одлука или подзаконскиот акт, односно предложената годишна програма за работа за наредната година, со цел да обезбеди јавна расправа со која ќе им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови во однос на истите.“

Агенцијата за електронски комуникации на 18.10.2013 година ја става на јавна расправа Предлог на Годишната програма за работа на Агенцијата за 2014 година.  Согласно став 2 од горенаведената одредба 105 од Законот за електронските комуникации  (Сл. Весник на Република Македонија бр.13/2005, 14/2007, 55/2007, 98/2008, 83/2010, 13/2012, 59/2012 , 123/12 и 23/2013)сите заинтересирани страни можат да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови  во рок од 30 дена од денот на објавувањето, односно  до 18.11.2013 година на адреса:

Agjencia e Komunikimeve Elektronike

Димитрие Чуповски бр.13, 1000 Скопје,

или на електронска пошта:contact@aec.mk


Предлог на Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година

Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 18/10/2013
Крај на јавна расправа: 18/11/2013
Адреса за достава на коментари и мислења: Agjencia e Komunikimeve Elektronike
Димитрие Чуповски бр.13, 1000 Скопје,
или на електронска пошта:contact@aec.mk