Select Page

Во врска со зачестените измами на пропуштени повици за кои денеска Агенцијата за електронски комуникации беше известена од повеќе претплатници сакаме да ве известиме за следното:
По добиените известувања од страна на многу корисници дека има случаеви на пропуштени повици од непознати странски броеви Агенцијата свика итен состанок со претставници на операторите со цел надминување на ваквата ситуација. Станува збор за измами при која претплатникот добива краток повик кој прекинува пред да има можност претплатникот да одговори. Ако претплатникот го повика овој број најчесто добива одговор од гласовна машина и истиот се наплаќа по меѓународна тарифа. Ваквата измама во поинтензивна мерка е регистрирана од 06:30 часот утрово при што голем број на претплатници беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство. Најчесто повиците потекнуваа од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот Глобал Стар. Операторите ги превземаа сите мерки за заштита на своите претплатници при што до 09:00 часот утрово блокирани беа најголем дел од броевите преку кои се остваруваше ваквата измама, но истото не значи дека ваква измама нема да се повтори од други броеви.
За надминување на ваквата состојба Агенцијата апелира до сите претплатници во иднина да не повикуваат кон непознати пропуштени броеви од странски држави, бидејќи за истото ќе им биде наплатено високи цени на меѓународни повици.

Агенција за електроснки комуникации

Njoftim