Секторот за заштита на правата на крајните корисници го организира информирањето на корисниците на јавни електронски комуникациски услуги со цел истите да се запознаат со своите права како и со правата и обврските на операторите и давателите на јавни електронски комуникациски услуги.
- Предлага постапки за решавањето на приговорите добиени од корисниците;
- Ја организира изработката на решенија по предлог добиен од нашиот инспекторат;
- Ги анализира општите услови за пристап и користењена јавните електронски комуникациски услуги од аспект на заштита на правата на корисниците што ги објавуваат операторите или давателите на јавни електронски комуникациски услуги и доколку има потреба предлага нивна измена.
- Ја организира и координира постапката на одобрување на стандардните предплатнички договори.
- Го координира информирањето на крајните корисници преку контакт центарот на АЕК преку бројот 190 за сите прашања во надлежност на АЕК.
- Ја следи и ја применува законската регулатива во врска со заштитата на правата на корисниците.
- Организира средби, информирање, презентации со организациите на потрошувачи и Народниот правобранител во врска со заштита на правата на корисниците.
- Изработува дописи и информации до Државните органи ,организации и потрошувачи и Народниот правобранител во врска со заштитата и правата на корисниците.
- Подготвува информации кои се објавуваат на веб страната на АЕК кои се однесуваат на правата на корисниците и правата и обврските на операторите и давателите на електронските комуникациски услуги.
- Изготвува анализи и води статистички податоци за решавањето на приговорите како и за прашањата кои се поставуваат преку контакт центарот на АЕК. Во целост квалитетно ги извршува работните задачи, почитувајки ги дадените рокови за решавањето на корисничките приговори и одговорно и навремено информирање на корисниците.
- Овластените лица во секторот вршат надзор на усогласеноста на работата на операторите во однос на заштитата на правата на крајните корисници со Законот за електронските комуникации, прописите донесени врз основа на него и склучените претплатнички договори.