Skip to content

Известување за продолжување на рокови за јавна расправа по Нацрт документот за втора анализа на малопродажен пазар за пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација и Нацрт методологијата за анализа на релевантни пазари

Почитувани,
На барање на заинтересираните страни Агенцијата за електронски комуникации ги продолжува роковите за јавна расправа (доставување на мислења и забелешки ) по:

  1. Нацрт документот за втора анализа на малопродажен пазар за пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација чиј рок е до 29 август го продолжува рокот за доставување на коментари заклучно со 13 септември 2014
  2. Нацрт методологијата за анализа на релевантни пазари чиј рок е до 24 август го продолжува рокот за доставување на коментари заклучно со 9 септември 2014

Со оглед дека периодот за доставување на мислења и забелешки е воедно и период во кој во најголем дел од страна на вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со ова пролонгирање на роковите излегува во пресрет на барањето на операторите.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.