На 23 и 24 ноември 2026 година во Скопје, членовите на Работната група за самопроценка на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) учествуваа на CAF работилница за постигнување консензус.
Во текот на дводневната работа беа разгледани резултатите од самопроценката и усогласени ставовите за клучните предности, предизвици и можности за понатамошно унапредување на институцијата во согласност со CAF моделот за управување со квалитет.
Работилницата, реализирана со поддршка на ReSPA и водена од сертифициран CAF фасилитатор, претставува важен чекор кон изработка на Финалниот извештај за самопроценка и Акцискиот план за подобрување.
Со овие активности, АЕК продолжува со јакнење на своите капацитети и унапредување на квалитетот на своето работење во согласност со европските принципи на добро управување.
