Select Page

Почитувани,
На барање на заинтересираните страни Агенцијата за електронски комуникации ги продолжува роковите за јавна расправа (доставување на мислења и забелешки ) по:

  1. Нацрт документот за втора анализа на малопродажен пазар за пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација чиј рок е до 29 август го продолжува рокот за доставување на коментари заклучно со 13 септември 2014
  2. Нацрт методологијата за анализа на релевантни пазари чиј рок е до 24 август го продолжува рокот за доставување на коментари заклучно со 9 септември 2014

Со оглед дека периодот за доставување на мислења и забелешки е воедно и период во кој во најголем дел од страна на вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со ова пролонгирање на роковите излегува во пресрет на барањето на операторите.