За добивање веродостојни резултати од мерењето, најдобро е да се отстранат сите пречки кои би можеле да влијаат на брзината на врската. Потребно е да се сопрат сите други активности, посебно ако корисникот има активни програми кои вршат симнување на поголеми количини на податоци (на пример како торенти). Најдобро е мерењето да се врши со компјутер или лаптоп кои на рутерот се поврзани директно со кабел преку етернет врска, а ако тоа не е можно, важно е уредот со кој се мери да е во непосредна близина на безжичниот рутер и меѓу нив да нема препреки.
Доколку користите услуга за пристап на интернет од оператор кој истата врска ја користи и за пренос на телевизија, пожелно е додека го вршите мерењето, сет-топ-бокс (СТБ) уредите да бидат исклучени бидејќи преносот на тв сигнал ја намалува брзината на интернетот. Без оглед дали телевизорот е вклучен или не, ако СТБ е вклучен тој искористува дел од интернет врската.
Веб-апликацијата за самостојно мерење на брзината на пристап на итернет се наоѓа на веб адресата AEK nettest.
(Упатство)
Во случај на поднесување на приговор до операторот, заради веродостојност на мерењето, потребно е да са направат повеќе мерења (најмалку 5), во тек на неколу денови (најмалку 3 дена) во различни периоди од денот, со временско растојание меѓу две мерења од најмалку 2 часа Резултатите од тие мерења (сочуваните линкови) можат да се достават до операторот заедно со приговорот.