Заменик генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации – ITU, Хоулин Жао, во рамките на официјалната посета на Република Македонија, на 14март 2014 година ја посети Агенцијата за електронски комуникации- АЕК и оствари работна средба со Директорот Роберт Орданоски.
На состанокот Директорот Орданоски го запозна г-дин Хоулин Жао со активностите на Агенцијата и активното учество во Меѓународната унија за телекомуникации, како и за значајни прашања од областа на информатичките и комуникациските технологии.
Заменик генералниот секретар ги изрази своите импресии за познавањата, достигнувањата и предизвиците на Агенцијата во областите на ИТУ на домашно, регионално и глобално ниво со убедување дека успешната соработка ќе продолжи во иднина.
Поврзани вести:
More posts: ITU Роберт Орданоски Хоулин Жао