Заменик генералниот секретар на ITU, Хоулин Жао ја посети Агенцијата за електронски комуникации и оствари средба со Директорот на АЕК, Роберт Орданоски

Заменик генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации – ITU,  Хоулин Жао, во рамките на официјалната посета на Република Македонија, на 14март 2014 година ја посети Агенцијата за електронски комуникации- АЕК и оствари работна средба со Директорот Роберт Орданоски.
На состанокот Директорот Орданоски го запозна г-дин Хоулин  Жао со активностите на Агенцијата и активното учество во Меѓународната унија за телекомуникации, како и за значајни прашања од областа на информатичките и комуникациските технологии.
Заменик генералниот секретар  ги изрази своите импресии за познавањата, достигнувањата и  предизвиците на Агенцијата во областите на ИТУ  на домашно, регионално и глобално ниво со убедување дека успешната соработка ќе продолжи во иднина.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content