Делегација од Агенцијата за електронски комуникации, составена од Проф. д-р Орце Симов – претседател на Комисијата на АЕК , Д-р. Адмирим Алити – член на Комисијата на АЕК и директорот на Агенцијата – г. Нусрет Халити присуствуваат на Светскиот самит за информатичко општество 2026 (WSIS 2026) кој се одржува во периодот од 6-10 Јули 2026 во Женева.
Овој настан е во организација на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), UNESCO, UNDP и UNKTAD во партнерство со повеќе од педесет организации на Обединетите нации, кои обезбедуваат кохерентен системски пристап и служи како централна платформа за чинителите на информатичкото општество кој ги вбројува владите, приватниот сектор, граѓанското општество, техничките заедници, академијата, младите и меѓународните организации во уникатно инклузивна средина за дијалог, соработка и акции наменети за унапредување на имплементацијата на акциските планови на Самитот и за поддршка на глобалната дигитална соработка.
Во рамките на овој Самит, делегацијата на Агенцијата за електронски комуникации оствари директна работна средба со генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации г-ѓа Дорин Богдан Мартин, со директорот на Бирото за развој на телекомуникациите – г. Космас Завазава и со раководителот на Меѓународната унија за телекомуникации одговорен за регионот Европа г.Јарослав Пондер. На средбата се дискутираше за досегашната соработка со Агенцијата за електронски комуникации при што беше истакнато високото ниво на координираност и учество во меѓународната , а посебно регионалната соработка , како и за натамошните планирани активности кои ќе ја подигнат на повисоко ниво синхронизацијата на заедничкото дејствување и партнерски однос меѓу овие два субјекти



