Select Page

Образложение за покренување и спроведување на постапка за развој и имплементација на BU-LRIC модел за пресметување на цени за битстрим услуги понудени од оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот големопродажен пазар


Во последните години електронските комуникации во Република Македонија постигнаа единствен развој. Примената на напредните техники и технологии овозможија на пазарот за електронски комуникации во РМ да се зголеми асортиманот на понудени услуги за крајни корисници. Услугите се означени по капацитет, брзина и поголем квалитет и доверливост. Исто така постои тренд на конвергенција – спојување на пренос на говор, податоци и телевизија. Конвергенцијата ги намалува трошоците поради експлоатацијата на обемот на економиите и го зголемува интересот на корисникот. Конкуренцијата се подобрува со влез на нови оператори што води до подобар квалитет на услуги и поатрактивни цени за крајните корисници.

Широкопојасниот пристап овозможува работа од дома, учење на далечина, интерактивна ИП телевизија (телевизија преку интернет протокол). Поврзувањата на мрежите стануваат се повеќе значајни, главно заради напредните техники и технологии. Поврзувањата на мрежата и пристапот на операторот се од фундаментално значење за конкурентната средина со оглед дека новите оператори на пазарот за електронски комуникации обезбедуваат пристап за бараниот капацитет до крајните корисници. Од друга страна за новите оператори генерално се смета дека би било неекономски да се дуплира пристапот до инфраструктурата.

Сегашната состојба на работите во релевантниот сектор
Согласно Европската регулаторна рамка за електронски комуникациски мрежи и услуги од 2003 година 1, беа дефинирани 18 релевантни пазари за производи и услуги на пазарот за електронски комуникации во РМ  кои подлежат на ex-ante регулација. Во текот на изминатиот период беа спроведени анализи на релевантните пазари за производи и услуги понудени на пазарот за електронски комуникации во РМ2. Целта на анализите беше да се утврди состојбата на развој на пазарот за електронски комуникации а соодветно на тоа да се утврди дали на одреден пазар постои ефикасна конкуренција или на одреден пазар има оператор/и кои имаат доминантната позиција.

Една од надлежностите на АЕК е да наметне, каде постои оператор/и со значителна пазарна моќ на релевантен пазар (а врз основа на решение), обврски како што е обврската за транспарентност, недискриминација, посебно сметководство, контрола на цени и обврски за сметководство на трошоци како и регулирање на малопродажни цени за операторите определени како оператори со значителна пазарна моќ на релевантен пазар.

Врз основа на Законот за електронски комуникации (Службен Весник на РМ 13/05, 14/07, 55/07, 98/08 и 83/10 ) член 48 (Контрола на цени и обврски за сметководство на трошоци) став 1, АЕК може да му наметне на операторот со значителна пазарна моќ на релевантен пазар обврска висината на цените на услугите да бидат базирани на реалните трошоци и контрола на цени.

Врз основа на спроведената  анализа на големопродажниот пазар за пристап до услуги со широк  опсег Македонски Телеком –АД Скопје е определен за оператор со значителна пазарна моќ на релевантниот пазар за продажба на производи и услуги на големо –Пристап до услуги со широк опсег ( Broadband ) на географско подрачје во РМ.
Врз основа на анализата на АЕК со решение му ги наметна следните обврски:

–    за пристап и користење на специфични мрежни средства,
–    транспарентност
–    недискриминација
–    посебно сметководство и
–    контрола на цени и обврска на сметководство на трошоци .

Македонски Телеком АД –Скопје е обврзан да достави понуда за битстрим пристап и препродажба на битстрим услуга а по нејзино одобрување од страна на АЕК е обрзан да ја објави јавно на својата веб страна.
Врз основа на трендот на развој и примената на броадбанд услугите, особено улогата и значењето на овие услуги во секојдневниот живот на крајните корисници и бенефитите кои произлегуваат од нив, АЕК се залага со своите секојдневни активности и извршување на работни задачи во постигнување на повисок степен на развој на конкуренција и конкурентност за овој пазар.
Насекаде применет заклучок и генерален став е дека е неекономски исплатливо да се дуплицира инфрструктурата, односно мрежата на инкумбент операторот. Врз основа на тоа инкумбентот е обврзан да овозможи пристап до широкопојасните услуги на четирите нивоа за пристап на мрежа со цел новопојавените оператори да можат да пристапат на мрежата и да ги понудуваат услугите.
До овој момент, методот за одредување на цени за битстрим услуга се спроведува врз основа на retail minus. Техниката на утврдување на цени со примена на оваа метода се врши врз основа на малопродажната цена на одредена услуга, а со примена на дефиниран контролен процент се утврдува висината на големопродажната цена. Тоа значи дека цените се дефинирани врз основа на малопродажната цена на инкумбентот, а која може да содржи елементи на неефикасно работење и да содржи елементи кои не се неопходни во создавањето на услугата. 
Затоа АЕК го отпочнува процесот на развој на BU-LRIC модел кој овозможува пресметување на цени врз основа на трошоци кои настануваат, кои се неопходни и неоделливи при создавањето на услугата.
Со почит,
Работна Група:
1.    Синиша Апостолоски – член
2.    Игор Ангелевски-член
3.    Марјан Пејовски-член
4.    Бојана Стефановска-член
5.    Петар Тасев-член
6.    Кристина Коцевска-член
7.    Мирјана Болиновска – координатор на работната група

Раководител на Сектор за анализа на пазар
Васка Петровиќ

 

1COMMISSION RECOMMENDATION of 11 February 2003 on relevant product and service markets within the electronic communications sector susceptible to ex ante regulation in accordance with Directive 2002/21/EC of the European Parliament and of the Council on a common regulatory framework for electronic communication networks and services (L 145/45 dated 08.05.2008)
2Одлука за утврдување на релевантни пазари бр.13/34 од 17.08.2005 година