Одделението за грижа на корисници го организира информирањето на корисниците на јавни електронски комуникациски услуги со цел истите да се запознаат со своите права како и со правата и обврските на операторите и давателите на јавни електронски комуникациски услуги.
- Предлага постапки за решавањето на приговорите добиени од корисниците;
- Ја оранизира изработката на решенија по предлог добиен од нашиот инспекторат;
- Ги анализира општите услови за пристап и користењена јавните електронски комуникациски услуги од аспект на заштита на правата на корисниците што ги објавуваат операторите или давателите на јавни електронски комуникациски услуги и доколку има потреба предлага нивна измена.
- Ја организира и координира постапката на одобрување на стандардните предплатнички договори.
- Го координира информирањето на крајните корисници преку контакт центарот на АЕК преку бројот 190 за сите прашања во надлежност на АЕК.
- Ја следи и ја применува законската регулатива во врска со заштитата на правата на корисниците.
- Организира средби, информирање, презентации со организациите на потрошувачи и Народниот правобранител во врска со заштита на правата на корисниците.
- Изработува дописи и информации до Државните органи ,организации и потрошувачи и Народниот правобранител во врска со заштитата и правата на корисниците.
- Подготвува информации кои се објавуваат на веб страната на АЕК кои се однесуваат на правата на корисниците и правата и обврските на операторите и давателите на електронските комуникациски услуги.
- Изготвува анализи и води статистички податоци за решавањето на приговорите како и за прашањата кои се поставуваат преку контакт центарот на АЕК. Во целост квалитетно ги извршува работните задачи, почитувајки ги дадените рокови за решавањето на корисничките приговори и одговорно и навремено информирање на корисниците.