II Јавен состанок на Агенцијата за електронски комуникации за 2025 година

Агенцијата за електронски комуникации  го организира својот II Jавен состанок на 25.12.2025 година со почеток во 10:30 часот. По тој повод, Ве покануваме во Административната зграда на АЕК – Бизнис сала, VI кат  (адреса: Kеј Димитар Влахов бр. 21, Скопје) да учествувате и да се запознаете со  реализацијата на активностите и исполнувањето на целите од годишната програма  за работа како и со идните планови и стратегии на Агенцијата.

Особена чест и задоволство ќе ни биде доколку со свои претставници присуствувате на овој настан  и  со размена на ставови и мислења дадете придонес во унапредувањето на работата на Агенцијата и во нашата заедничка соработка  која се одвива во  најдинамичната сфера на целокупното општествено живеење во нашата држава и во светот.

Почитувајќи го принципот на своето транспарентно работење, Агенцијата за електронски комуникации го организира овој состанок со цел да им овозможи на сите чинители и заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините активности во годината која изминува и плановите и стратегиите за наредниот период . 

Во прилог Ви доставуваме Агенда и формулар за регистрација кој треба да го пополните и доставите до АЕК најдоцна до 24 Декември 2025 година на следните е-mail адреси:

  и   .

За сите останати прашања контакт лице е Елизабета Двојакова (е-mail: ) .

Во очекување на Вашето присуство срдечно Ве поздравуваме. 

Агенда

Формулар за регистрација

 

 

Презентации

Обврските на MKD- CIRT согласно Законот за безбедност на мрежни и информациски системи – Билјана Јовановска Балески – Советник во Национален Центар за одговор на компјутерски инциденти, MKD-CIRT

AI поддржани APT напади – Скриената изложеност и ненамерната поддршка на елекомуникацискиот сектор – Никола Николов – Советник на Директорот за информатички технологии

Имплементација и ефекти од мерките за заштита на крајните
корисници – Горан Колевски – Советник на Директорот за заштита на корисниците

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content