Одделението за инспекциски надзор врши спроведување на Законот за електронски комуникации и подзаконските акти преку инспектори за електронски комуникации од Контролно мерните центри Скопје, Битола и Штип.
Инспекцискиот надзор се врши со цел:
- преземање на мерки за решавање на пречки во радиокомуникациите;
- прекинување на емисии на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
- проверка на усогласеноста на параметрите на легалните радиостаници со параметрите дадени во Одобрението за користење на радиофреквенции;
- преземање на мерки кон оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги кои работат без нотификација;
- проверка на нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги во однос условите од нотификацијата ;
- решавање на приговори од корисници на електронски комуникациски услуги;
Во случај на утврдена неправилност при вршење на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот за електронски комуникации.