Select Page

Одделението за инспекциски надзор врши спроведување на Законот за електронски комуникации и подзаконските акти преку инспектори за електронски комуникации од Контролно мерните центри Скопје, Битола и Штип.

Инспекцискиот надзор се врши со цел:

  • преземање на мерки за решавање на пречки во радиокомуникациите;
  • прекинување на емисии на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
  • проверка на усогласеноста на параметрите на легалните радиостаници со параметрите дадени во Одобрението за користење на радиофреквенции;
  • преземање на мерки кон оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги кои работат без нотификација;
  • проверка на нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги во однос условите од нотификацијата ;
  • решавање на приговори од корисници на електронски комуникациски услуги;

Во случај на утврдена неправилност при вршење на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот за електронски комуникации.