Колку ќе ме чини услугата за пренесување на број?

Операторот може за пренесување на броевите на друг оператор, да им наплатува на претплатниците или на оператори, доколку се постигне меѓусебен договор, еднократна сума за покривање на трошоците за пренос на бројот. Доколку еднократната сума за покривање на трошоците за пренос на бројот, операторот ја наплатува од друг оператор, истата мора да биде предвидена во цените за интерконекција и да биде базирана на трошоци.
Во јуни 2009 година, Агенцијата донесе одлука дека максималната висина на еднократниот надоместок за услугата преносливост на броеви што операторот-давател го наплатува од операторот- примател или пак од претплатниците се утврдува на износ од 200,00 денари по пренесен број или по подредена серија на броеви по мрежна завршна точка.
Доколку еднократната сума за покривање на трошоците за пренос на бројот, операторот давател ја наплатува од претплатниците, тогаш на post-paid претплатник еднократната сума му ја фактурира со сметката издадена по реализација на пренесувањето, а на pre-paid претплатник му ја фактурира од вредносниот ваучер при одобрување на пренесувањето. Ако пренесувањето на број на pre-paid претплатник не се реализира од било која причина, средствата во висина на еднократната сума ќе бидат вратени на вредносниот ваучер на претплатникот.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content