Select Page

Денес Директорот на Агенција за електронски комуникации, г-дин Роберт Орданоски присуствуваше на свечениот настан во организација на Министерство за економија а по повод потпишувањето на Меморандумот за меѓусебно разбирање и соработка на органите за надзор на пазарот, од една и Царинската управа на РМ од друга страна.

На настанот покрај директорите потписници на меморандумот, присуствуваше и Министерот за економија г-дин Фатмир Бесими кој укажа на значењето од воспоставување на ефикасен систем за надзор на пазарот со цел да се овозможи влез на безбедни производи усогласени со “CE” обележувањето. Со ова истовремено ќе се обезбеди приближување кон европската регулатива која ја уредува оваа материја.

Меморандумот е предуслов за дефинирање на административните и техничките процедури согласно Законот за безбедност на производите и Законот за надзор на пазарот. АЕК својот делокруг на работа како член на Координативното тело за надзор на пазарот ќе го базира, на Правилникот за радио опрема и телекомуникациска терминална опрема според кој е дефинирана постапка за “CE” обележување на ваквиот тип на опрема.