Select Page

Пред започнување на изградба и/или употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, менување или прекин во обезбедувањето на јавни комуникациски мрежи и услуги се доставува нотификација до Агенцијата за електронски комуникации.

Регистрацијата во Агенцијата не претставува доволен услов за остварување на правата и обврските на операторите или давателите на услуги согласно Законот за електронските комуникации или друг закон. Потврдата за регистрација издадена од Агенцијата сама по себе не создава права или обврски согласно Законот за електронските комуникации, доколку не бидат исполнети другите услови предвидени со Законот за електронските комуникации и друг закон.
Доколку станува збор за изградба на комуникациска мрежа, правното или физичкото лице, пред да започне изградба на јавна комуникациска мрежа покрај обврската да достави нотификација во Агенцијата, треба да поднесе барање за добивање на одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, односно надлежниот орган на локалната самоуправа, во зависност од категоријата на градба, а во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и  Законот за градење.

1. Параметри за квалитет на јавни комуникациски услуги

2. Нотификација

icon 20110407_Правилник за содржината, формата и начинот на водење на регистар на ТК мрежи (251.29 kB 2011-04-07)

icon 20120227_Упатство за доставување на ГИС податоците за потребите на електронскиот регистар (306.74 kB 2012-02-27)

icon 20140128_Правилник за технички услови (494.59 kB 2014-01-28)

icon 20140128_Правилник за изменување и дополнување на правилникот за технички услови (131.11 kB 2014-01-28)