Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по “Нацрт-Документ за анализа на пазари 8, 9 и 10″:
Пазар 8 – Услуга за започнување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација
Пазар 9 – Услуга за завршување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација
Пазар 10 – Услуга за транзитирање во јавна фиксна телефонска мрежа
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена 30 дена, односно најдоцна до 16.08.2010 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
или на следниве електронски адреси: и
Дополнување – 12.08.2010:
Почитувани,
На барање на заинтересираните страни Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот на јавна расправа (доставување на мислења и забелешки ) по Нацрт-Документот за анализа на пазарите 8,9 и 10. Истите треба да бидат доставени најдоцна до 6 септември 2010.
Со оглед дека периодот за доставување на мислења и забелешки е од 16.07. до 16.08.2010 е воедно и период во кој во најголем дел од страна на вработените ги користат летните годишни одмори, Агенцијата за електронски комуникации со ова пролонгирање на рокот излегува во пресрет на барањето на операторите.