Агенцијата за електронски комуникации отвара јавни расправи по:„Пазар 1- Пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација за резиденцијални крајни корисници и Пазар 2- Пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација за деловни крајни корисници“, како и за „Пазари 3 – 6 Јавно достапни локални/национални и меѓународни телефонски услуги на фиксна локација за резиденцијални и деловни крајни корисници“.
Нацрт-Документ за Анализа на пазарите 1- 2 (2.83 MB 2009-12-17)
Нацрт-Документ за Анализа на пазарите 3 – 6 (3.43 MB 2009-12-17 )
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавните расправи што ќе бидат отворени 30 дена, односно најдоцна до 17.01.2010 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
или на следниве електронски адреси:
( за Пазари 1-2), или
(за Пазари 3-6)
На барање на операторите Агенцијата за електронски комуникации го продолжува рокот на доставување на мислења и забелешки – најдоцна до17 февруари 2010 – по Нацрт-Документите за анализа на пазарите 1-2 и 3-6.
Во периодот од 17 декември до 17 јануари поради претстојните новогодишни и божиќни празници се намалува бројот на работните денови во кои се спроведува јавната расправа по Нацрт-Документите за анализа на пазарите 1-2 и 3-6. Агенцијата за електронски комуникации смета дека со продолжувањето на рокот се надоместуваат деновите кои се неработни поради новогодишните и божиќните празници.