Неважачки

Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации на состанок одржан на ден 17.08.2005 година донесе Одлука за утврдување на релевантни пазари. Во одлуката е утврден релевантниот географски пазар и релевантните пазари на производи и услуги на пазарот на електронските комуникации. Релевантните пазари се утврдени во согласност со утврдените релевантни пазари во препораката на Европската комисија за релевантни пазари на производи и услуги, објавена во службено гласило на Европската Унија од 08.05.2003 година. Имајќи ја во предвид препораката на Европската комисија за релевантни пазари на производи и услуги, објавена во службено гласило на Европската Унија од 28.12.2007 година АЕК ги спроведува анализите на 18 релевантните пазари и во соработка со органот надлежен за заштита на конкуренцијата ги дефинира релевантните пазари подложни на ex- ante регулација.

Релевантен географски пазар на пазарот на електронските комуникации е територијата на Република Македонија.
Релевантни пазари на производи и услуги на пазарот на електронските комуникации се утврдени во Одлука за утврдување на релевантни пазари – icon Одлука за утврдување на релевантни пазари (40 kB 2008-06-11).

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content