Select Page
Почитувани, Ве информираме дека денес на 16/02/2018 претседателот на регулаторното тело надлежно за електронските комуникации во Бугарија оствари официјална посета во Агенцијата за електронски комуникации. Посетата помина во конструктивна атмосфера на која се потврдија долгогодишните професионални и пријателски релации кои АЕК и КРС ги негуваат долги години наназад.
На средбата, Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и Претседателот на КРС, Росен Жељазков посветија особено внимание на активностите кои двете регулаторни тела ги спроведоа во изминатиов период. Се разговараше и за продолжување на соработката меѓу АЕК и КРС согласно потпишаниот Меморандум за разбирање, со цел да се продлабочи размената на искуства во областа на регулацијата на пазарот за електронски комуникации. АЕК ја покани Бугарија да се приклучи кон Спогодбата за регионален роаминг која уште во 2014 ја потпишаа надлежните Министерства за електронски комуникации на: Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Согласно член 4 на оваа Спогодба се предвидува дека во соодветна постапка кон неа можат да пристапат сите држави, вклучително и членките на Европската Унија. Се разгледаа и дополнителни можности за владина и/или регулаторна интервенција за намалување на цените на роаминг услугите на претплатниците во овие две земји.

aek 20180216