Правилник за начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени

Врз основа на член 14 точка а), а во врска со член 49 и член 95 од Законот за електронските комуникации (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 13/2005, 14/2007, 55/2007 и 98/2008) Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации на состанокот одржан на ден 5.12.2008 година, донесе
Правилник за начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени
Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени на фиксни говорни телефонски мрежи и услуги од страна на оператор со значителна пазарна моќ (во натамошниот текст: Оператор) на релевантните пазари за продажба на производи и услуги на мало и тоа: број 1-Пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација за резиденцијални крајни корисници, број 2-Пристап до јавна телефонска мре`а на фиксна локација за деловни крајни корисници, број 3-Јавно достапни локални и/или национални телефонски услуги на фиксна локација за резиденцијални крајни корисници, број 4-Јавно достапни меѓународни телефонски услуги на фиксна локација за резиденцијални крајни корисници, број 5- Јавно достапни локални и/или национални телефонски услуги на фиксна локација за деловни крајни корисници и број 6- Јавно достапни меѓународни телефонски услуги на фиксна локација за деловни крајни корисници.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content