Правилник за нивото на деталност на информациите што ќе бидат објавени во референтните понуди за интерконекција и начинот на нивно објавување

Врз основа на член 14 точка а) и член 45 став 5, а во врска со член 44 и член 48 од Законот за електронските комуникации (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 13/2005, 14/2007, 55/2007 и 98/2008), Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации, на
состанокот одржан на 5.12.2008 година, донесе Правилник за нивото на деталност на информациите што ќе бидат објавени во референтните понуди за интерконекција и начинот на нивно објавување.
Со овој правилник се пропишува нивото на деталност на информациите содржани во референтната понуда за интерконекција (во натамошниот екст: референтна понуда) и начинот на нивното објавување од страна на операторот со значителна пазарна моќ на пазарот за јавни фиксни говорни
телефонски мрежи и услуги или операторот со значителна пазарна моќ на релевантните пазари за јавни мобилни говорни телефонски мрежи и услуги во натамошниот текст Оператор), содржината на референтната понуда, бврската за доставување и одобрување на референтната понуда од
страна на Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст Агенција), реализација на интерконекција, како и начинот и постапката за склучување договори за интерконекција.

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content