Select Page

На 8 мај 2018 година, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти во соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје ја организираше Првата национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво. Настанот се одржа во хотел Арка, Скопје. За прв пат во Република Македонија учествуваа 45 учесници од 35 организации од владиниот, јавниот и приватниот сектор, како и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Цел на настанот беше подобрување на соработката и координацијата на национално ниво во справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти. Настанот вклучи и симулациска вежба за напад на системи од критична инфраструктура и координација на одговорот при справување со инцидентот.

IMG 1868 2 768x512

20180408 768x512



Дополнителни информации:

Датум од: 08/05/2018
Почеток во: 09:00
Датум до: 08/05/2018
Завршува во: 17:00
Локација : Хотел Арка, Скопје, Република Македонија