Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации на состанокот одржан на ден 18.01.2008 година донесе решенија со кои ги одби како неосновани, поднесените жалби од „Т-Мобиле“ Македонија – АД за мобилни комуникации, Скопје, и „Космофон“ Услуги на мобилна телефонија АД Скопје, против решението донесено од в.д. директорот на Агенцијата број 02-4053/1 од 26.11.2007 година, со кое истите се определуваат за оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот пазар за продажба на производи и услуги на големо, пазар број 16 – Услуга за завршување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи на географско подрачје на Република Македонија.
Resenie-SNP-18012008 (60.68 kB)