Решение за оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот пазар за продажба на производи и услуги на големо, пазар број 16

Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации на состанокот одржан на ден 18.01.2008 година донесе решенија со кои ги одби како неосновани, поднесените жалби од „Т-Мобиле“ Македонија – АД за мобилни комуникации, Скопје, и „Космофон“ Услуги на мобилна телефонија АД Скопје, против решението донесено од в.д. директорот на Агенцијата број 02-4053/1 од 26.11.2007 година, со кое истите се определуваат за оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот пазар за продажба на производи и услуги на големо, пазар број 16 – Услуга за завршување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи на географско подрачје на Република Македонија.

icon Resenie-SNP-18012008 (60.68 kB)

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content