Сектор за телекомуникации

  • Ги координира активностите во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во телекомуникацискиот сектор во Република Македонија во делот на постапката за нотификација на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и даватели на јавни електронски комуникациски услуги, нумерација, универзална услуга, интерконекција, пристап до јавни комуникациски мрежи, разврзан пристап на локална јамка, технички прописи и стандарди за изградба и работа на јавни комуникациски мрежи и давање на јавни комуникациски услуги.
  • Тимот во Секторот за телекомуникации е задолжен да дава иницијативи и предлози за измена на прописите од областа на телекомуникациите заради хармонизација со регулативата на Европската унија; Го организира и следи приемот на нотификациите и издавањето на потврда за регистрација на оператори и/или даватели на електронски комуникациски услуги;
  • Ја организира и следи контролата што се врши на операторите и/или давателите на електронски комуникациски услуги, вклучувајќи ги и операторите и давателите на електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ од аспект на усогласеноста на нивното работење со прописите;
  • Дава мислења и предлози во врска со спроведувањето на актите на АЕК кои се однесуваат на условите и пропишаната документација за вршење на активности за изградба и/или употреба на јавни електронски комуикациски мрежи и/или обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги, обезбедување на универзална услуга, обезбедување конкуренција во телекомуникацискиот сектор, интерконекција и пристап на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги, пристап и користење на специфични мрежни средстсва, нумерација и преносливост на броеви, заштита на јавните електронски комуникациски мрежи, тајност и доверливост на комуникациите, права на корисниците на јавни електронски комуникациски услуги; Дава мислења во врска соодобрувањето на телекомуникациска терминална опрема;
  • Ја организира и следи постапката за доделување на броеви и серии на броеви дава мислења и предлози во врска со подготовка, спроведувањето и ажурирањето на Планот за нумерација;
  • Дава мислења и предлози во врска со параметрите за квалитет на електронските комуникациски услуги, за развој на конкуренцијата во телекомуникацискиот сектор;
  • Дава мислења и предлози при одобрување на референтните понуди за интерконекција, понудите за пристап и референтните понуди за разврзан пристап на локална јамка на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и/или давателите на јавни електронски комуникациски услуги со значителна пазарна моќ на релевантен пазар;
  • Дава мислења и предлози при определување на давател/даватели на универзална услуга и контрола над исполнувањето на обврските на номинираниот давател/даватели на универзална услуга;
  • Активности во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во делот на технички прописи и стандарди за изградба и работа на јавни електронски комуникациски мрежи, телекомуникациска терминална опрема, интерконекција и пристап до јавни комуникациски мрежи и разврзан пристап на локална јамка.
  • Активности во врска со спроведувањето на Законот за електронските комуникации во делот на техничките прописи и стандарди за обезбедување на јавни комуникациски услуги, јавни комуникациски услуги што се предмет на интерконекција и пристап на јавни комуникациски мрежи и разврзан пристап на локална јамка, обезбедување на универзална услуга.

Контакт со Секторот за телекомуникации

Борис Арсов
Раководител на Сектор за телекомуникации

тел. 02 3289 227
моб. 070 38 38 19
 

Боро Тодоровски
Раководител на Одделение за управување со броеви

тел. 02 3 091 235
моб. 075 47 51 46

Игор Кралевски
Советник за јавни електронски комуникациски мрежи и услуги 

тел. 02 3 091 245
моб. 071 36 88 44

Ацо Јовановски
Виш соработник за управување со броеви

тел. 02 3 091 255
моб. 070 22 28 90

Асип Таири
Самостоен референт за управување со броеви

тел. 02 3 289 213
моб. 071 36 88 43

Зоранчо Алексов
Раководител на Одделение за телекомуникациска инфраструктура

моб. 078 23 67 49

Билјана Илиоска
Советник за телекомуникациска инфраструктура

тел. 047 207 076
моб. 078 23 67 49

Југослав Србиновски
Виш соработник за телекомуникациска инфраструктура

тел. 02 3 091 234
моб. 071 34 66 45

Софка Јовевска
Помлад соработник за телекомуникациска инфраструктура

тел. 032 223 968
моб. 071 38 94 68

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content