Select Page

Агенцијата за електронски комуникации денес го одржа вториот јавен состанок за 2019 година и истиот го посвети на следните теми:

  • презентиција на резултатите од последните мерења за перформансите и квалитетот на јавните мобилни комуникациски мрежи на национално ниво, и
  • придонесот на новите технологии во вкупната вредност на нејонизирачко зрачење.

На состанокот се презентира националниот извештај за перформансите и квалитетот на мрежите на операторите, преку кој корисниците можат да направат споредба на параметрите за квалитет на двата оператори кои нудат мобилни комуникациски услуги преку сопствена мрежа како што се квалитет на говор, пристап до интернет, мрежно покривање и други.

На состанокот се презентираа измерените нивоа на нејонизирачко зрачење на одредени целни локации како што се градинките и слично како и нивна споредба со претходно измерените нивоа пред да бидат воведени мобилните комуникациски услуги од четвртата генерација, со цел да се согледа ефектот на новите технологии. На состанокот се дискутираше и очекуваното влијание врз здравјето на луѓето и нивото на нејонизирачко зрачење кои што се очекува од воведувањето на 5Г мобилните комуникациски услуги.

Во прилог се презентациите:

Mерења за перформансите и квалитетот на мрежите/услугите кои ги обезбедуваат операторите во Македонија преку радиокомуникациска мрежа -НАЦИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ

Доприносот на новите технологии врз вредностите на нејонизирачко зрачење