Të nderuar,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на „Нацрт извештај за резултатите од моделирањето на Bottom-Up LRIC за Битстрим услуги во РМ“ да ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавната расправа. Имено, на состанокот одржан на ден 14.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација Bottom-Up LRIC модел за пресметување на цени за битстрим услуги понудени од оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот големопродажен пазар. Развојот на моделот се одвиваше во соработка со Дилоит-Хрватска врз основа на договор за консултантски услуги.
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 26.08.2012 на следната адреса:
Agjencia e Komunikimeve Elektronike
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Shkup