Skip to content

Јавна расправа по Нацрт документ за трета анализа на ПАЗАР 1- Пристап до јавна електронска комуникациска мрежа на фиксна локација за резиденцијални и деловни крајни корисници

Почитувани,
Ве информираме дека Агенцијата за електронски комуникации во согласност со член 13 од Законот за електронски комуникации објавува на јавна расправа “Нацрт документ за трета анализа на ПАЗАР 1- Пристап до јавна електронска комуникациска мрежа на фиксна локација за резиденцијални и деловни крајни корисници“ со траење од 30 дена од денот на објавувањето.
Се покануваат сите заинтересирани страни да ги достават своите мислења, гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје
или на следните адреси за е-пошта:
kristina.bozinovska@aec.mk и aleksandar.kocevski@aec.mk

Нацрт документ за трета анализа на ПАЗАР 1- Пристап до јавна електронска комуникациска мрежа на фиксна локација за резиденцијални и деловни крајни корисници

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.