Select Page

Ве поканува да присустувате на II јавен состанок кој ќе се одржи на 8 Ноември 2011 во Хотел Холидеј Ин – Сала Милениум 2 во Скопје со почеток во 10:00 часот.

Ја користиме оваа можност да Ве известиме дека Агенцијата за електронски комуникации, по принципот на своето транспарентно делување, овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење. стратегиите, плановите и насоките на развој на нејзиното делување. Би ни било од непроценливо значење доколку и вие како значаен субјект на пазарот за електронски комуникации со свои претставници присуствувате на овие јавни состаноци и дадете придонес во размената на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на Агенцијата и нашата соработка.

За успешно одвивање на јавниот состанок и остварување на вистинската цел за која е организиран, погледнете ја нацрт-агендата на содржините на јавниот состанок која ви се доставува во прилог и е достапна на веб-страницата на Агенцијата www.aek.mk. Би Ви биле благодарни доколку најдоцна до 25 Октомври 2011 не известите на е-mail: contact@aec.mk дали и вие би сакале да се вклучите со своја презентација или ги доставите своите забелешки, предлози сугестии и идеи за кои би сакале да бидете информирани односно би сакале да се дискутира на овие јавни состаноци.

Агенцијата за електронски комуникации со цел промовирање на електронските комуникации и поддршка на новите технологии како и поттикнување на користење на широкопојасен интернет, организира натпревар за изработка на апликации за мобилен телефон. Условите за учество се објавени на веб страницата на Агенцијата www.aek.mk, а презентациите на апликациите влезени во финалето и изборот на три најдобри апликации ќе биде објавено во вториот дел на II јавен состанок.

20111020_Покана за II јавен состанок на АЕК за 2011 година (112.79 kB 2011-10-20)

20111020_Агенда (82.5 kB 2011-10-20)

20111020_Формулар (81.5 kB 2011-10-20)