За нас

Агенцијата за електронски комуникации е основана со Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ“ бр. 13/2005, 14/2007 и бр. 55/2007 и бр.98/2008 и бр. 83/2010), во 2005 година, како независно регулаторно тело на пазарите за електронски комуникации.

Со цел пазарот на електронски комуникации да се регулира на систематски начин, Агенцијата има цврсто дефинирани цели коишто треба да се постигнат. Агенцијата има насоки за да се постигнат целите за конкурентен пазар во кој ќе се создадат услови за крајните корисници да ги користат електронските комуникациски услуги со најдобар квалитет и по најповолни цени.
logo aek

Секако, за да се следат ваквите практики, Агенцијата има јасна стратегија за развојот на пазарот којашто треба да се постигне, како и дефиниран пат којшто треба да се следи во еден краткорочен и среднорочен временски период.

За да се утврдат стратешки насоки за развој на пазарот за електронски комуникации во Република Македонија, Агенцијата прво направи проценка на регулаторниот напредок којшто е постигнат во изминатиов период. Потребите од ваков документ се заради  добивање јасна стратегија за развојот на пазарот која моменталната пазарна ситуација во Македонија првенствено ќе  ја отслика од: техничка, финансиска, оперативна и конкурентна гледна точка. Проценка од овој тип е потребна и претставува основа за Агенцијата да добие систематска и чиста стратегија и акционен план за понатамошните активности.

Седиштето на Агенцијата за електронски комуникации е на Кеј Димитар Влахов бр.21 Скопје, со центри за контрола и мерење лоцирани во Скопје, Битола и Штип.

Финансиски податоци

Агенцијата се финансира од средства остварени од приходите од надоместоците предвидени со Законот за електронски комуникации, донации, заеми и друга финансиска и техничка помош.
  • Број на жиро сметка на Агенцијата: 210 0600528401 42
  • Банка на примач: Тутунска банка АД Скопје
  • Даночен број: 4030005556148

Контакт инфо

Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје
Република Македонија
тел: 02/32 89 200
факс: 02/32 24 611
е-маил: 

Контакт лице за комуникација со граѓани кои што имаат одреден вид и степен на попреченост:
Маре Мицковска
моб: 070247059

Лице задолжено за информации од Јавен карактер:
Бојана Стефановска 
моб: 078373006 

Офицер за заштита на личните податоци:
Елизабета Двојакова
моб: 070222904

 


Правилник за внатрешна организација
Органограм
Правилник за систематизација
Список на вработени во АЕК

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.

Skip to content