АЕК го започна новиот циклус на имплементација на Заедничката рамка за оценување (CAF)

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) започна нов циклус на имплементација на Заедничката рамка за оценување (CAF), значаен процес насочен кон континуирано подобрување на квалитетот, организациските перформанси и услугите што ги обезбедува институцијата.

Овој процес се реализира во рамките на заложбите на АЕК за унапредување на стандардите за управување со квалитетот и зајакнување на институционалните капацитети, со фокус на зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работењето.

АЕК изразува посебна благодарност до Министерството за јавна администрација и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) за нивната континуирана поддршка во реализацијата на овој значаен процес. Посебна благодарност упатуваме и до Славен Букарица, службеник за управување со квалитет, Емилија Д. Георгиева и Игор Марковски, CAF експерт, за нивната професионалност, експертиза и одлична соработка во почетната фаза на имплементацијата.

Раководството и CAF тимот во АЕК покажаа високо ниво на посветеност и подготвеност за прифаќање на најдобрите европски практики во управувањето со квалитетот, создавајќи цврста основа за понатамошен институционален развој.

АЕК останува посветена на овој пат кон организациска извонредност и ќе продолжи со реализацијата на предвидените активности во рамките на новиот CAF циклус.

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content