АЕК започна нов циклус на имплементација на CAF

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) официјално го започна новиот циклус на имплементација на CAF (Common Assessment Framework – Заедничка рамка за проценка), потврдувајќи ја својата континуирана посветеност кон унапредување на квалитетот, ефикасноста и институционалната извонредност.

Почетокот на новиот CAF циклус беше официјално означен на 4 Септември во присуство на директорот на АЕК, г. Халити, Тимот за квалитет, како и претставници и експерти вклучени во процесот.

Процесот се реализира со поддршка од Министерството за јавна администрација, Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) и CAF експерти, со цел дополнително унапредување и зајакнување на системот за управување со квалитет во Агенцијата.

Ова е втор циклус на имплементација на CAF во АЕК, што претставува продолжување на активностите насочени кон систематско самооценување, идентификување на можностите за подобрување и понатамошно развивање на институционалните капацитети.

Имплементацијата на CAF се спроведува паралелно со редовната примена на ISO стандардите, како и со исполнувањето на законските обврски поврзани со системите за управување со квалитет.

Со започнувањето на новиот циклус, АЕК ја потврдува својата определба за континуирано подобрување на работењето, развој на современи управувачки практики и обезбедување висок квалитет на услугите, во интерес на граѓаните, корисниците и сите засегнати страни.

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content