Планот за нумерација во Република Македонија е од отворен тип, што значи повик се започнува со бирање на претплатнички број, при што се воспоставува повик со претплатник во истото географско нумерациско подрачје, или со бирање на национален префикс и национален број за воспоставување на повик со претплатник во друго географско нумерациско подрачје.
Броевите и сериите на броеви доделени со решение на Агенцијата може да се користат исклучиво за утврдената намена во Планот за нумерација за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во РМ.
Согласно член 9 (Надлежност на Агенцијата) од Законот за електронските комуникации, Агенцијата доделува броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на оператори на јавни телефонски мрежи и даватели на јавни телефонски услуги во РМ.
Скратените броеви од серијата 19Х, се наменети за услуги од национално општествено значење и се доделуваат на државни институции (државни органи) од општествено значење. Согласно Планот за нумерација за услуги од национално општествено значење се предвидени 10 броеви, и согласно службената евиденција на Агенцијата сите броеви за услуги од национално општествено значење се доделени на […]
За користење на негеографски број(еви) од серијата 05 и/или 08 треба да се обратите кај оператор на јавна телефонска мрежа или давател на јавни телефонски услуги, кои согласно Вашето барање ќе достават Барање за доделување на броеви и серии на броеви до Агенцијата. Операторите на јавни телефонски мрежи или давателите на јавни телефонски услуги, негеографските […]
Согласно член 77 (План за нумерација) од Законот за електронските комуникации, Агенцијата ги објавува на својата веб страница податоците за доделените броеви и серии на броеви, носители на доделени броеви или серии на броеви. Доделените броеви и серии на броеви се прикажани во делот на РЕГИТРИ/Скратени броеви кој можете да го погледнете од следниот линк
Барањето за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација во РМ може да се превземе од следниот линк: 20091111_Прилог – Барање за доделување на броеви/серија на броеви (111 kB 2091111)
Согласно член 5 и 6 од Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, оператор на јавна телефонска мрежа или давател на јавни телефонски услуги не може да промени, односно одземе претходно доделен скратен или негеографски број на свој претплатник без претходно да ја извести Агенцијата за причините за промената, […]
Сите броеви кои се употребуваат за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во РМ се доделени со решение на Агенцијата за електронски комуникации согласни Законот за електронски комуникации и Планот за нумерација.
{tab=Важечки} Правилник за преносливост на броеви (352.43 kB 2011-04-20) {tab=Неважечки} 20090916_Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за преносливост на броеви (Сл. Весник бр. 115/09 од 16.09.2009)(103.7 kB 2009-09-16) 20090901_Одговори по јавна расправа по Предлог за правилник за измени и дополнување на Правилник- НП (227.38 kB 2009-09-01) 20090205_Правилник за изменување и дополнување на Правилникот […]