Согласно член 5 и 6 од Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација, оператор на јавна телефонска мрежа или давател на јавни телефонски услуги не може да промени, односно одземе претходно доделен скратен или негеографски број на свој претплатник без претходно да ја извести Агенцијата за причините за промената, односно одземањето.