Агенцијата за електронски комуникации информира дека состанокот за јавна расправа по Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги кои се остваруваат преку јавна радиокомуникациска мрежа ќе се одржи на ден 11.03.2020 во 09:30 на локација Агенцијата за електронски комуникации на улица Скупи бб- Зајчев рид.
Почитувани, На ден 30-ти Декември во 10:00 часот во салата за состаноци на 6-ти кат во зградата на АЕК Дирекција ќе се одржи Јавен состанок во врска со јавната расправа за ПРЕДЛОГ ПРАВИЛНИК ЗА ВОДЕЊЕ, КОРИСТЕЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТЕР НА ТЕРМИНАЛНА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА (ТТО) Се покануваат сите заинтересирани страни да присуствуваат на состанокот.
Почитувани, Секторот за регулатива на АЕК за ден петок 22.03.2019 год со почеток од 11 часот објавува состанок по јавна расправа за следните документи: 1. Нацрт документ за анализа на релевантен големопродажен пазар за услуга за започнување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација2. Нацрт документ за анализа на релевантен големопродажен пазар за услуга за […]
Во врска со отворениот предмет на јавна расправа од ден 28.12.2018 година за Нацрт извештај за развој на модел за тестови за економска репликабилност и пресметка на WACC и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за обезбедување на битстрим пристап и препродажба на битстрим услуга Агенцијата за електронски комуникации ќе одржи јавен состанок согласно […]
Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 став (4) од Законот за електронски комуникации (Сл. Весник бр. 39/2014188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018 и 21/2018), ќе одржи јавен состанок по ПРЕДЛОГ- Правилник за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи. Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат […]
Агенцијата за електронски комуникации ќе одржи состанок по јавна расправа за Предлог годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 и за Предлог финансискиот план на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 на 05/12/2018 (среда) со почеток во 10:00 во салата за состаноци на 6 кат.
Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 став (4) од Законот за електронски комуникации ( Сл. Весник бр. 39/2014188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018 и 21/2018), ќе одржи јавен состанок по „ ПРЕДЛОГ- Правилникот за параметрите за квалитет на јавните елeктронски комуникациски услуги кои се остваруваат преку јавна радиокомуникациска мрежа“. Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат […]
Почитувани, Со ова соопштение Ве покануваме на јавен состанок кој ќе се одржи на ден 17.07.2018 година ( вторник ), со почеток во 9 часот, во зградата на Aгенцијата за електронските комуникации, сала за состаноци на 1-ви кат. Тема на состанокот е запознавање на процесот за развој на модел за тестови за економска репликабилност […]
Почитувани, Агенцијата за електронски комуникации Ве поканува на јавен состанок во врска со отворената јавна расправа за Предлог измени и дополнувања на финансискиот план на Агенцијата за електронски комуникации за 2018 годиина.. Состанокот ќе се одржи во вторник, 17.07.2018 година во 9:30 часот во салата на 6-ти кат во Агенцијата за електронски комуникации.
Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по Јавна расправа по Нацрт документ за „Анализа на пазар за завршување на СМС пораки во јавни мобилни комуникациски мрежи’’ објавен на веб страната на АЕК, на состанок кој ќе се одржи на ден 26.04.2018 година (четврток) […]