Резултати од Јавната Расправа за издавање на одобренија за користење на радиофреквенции за 5Г

Агенцијата за електронски комуникации на својата веб страна објави јавна расправа за издавање на одобренија за користење на радиофреквенции за 5Г. За време на јавната расправа пристигнати се коментари од следните заинтересирани страни: Intracom Telecom, НЕОТЕЛ, Македонски Телеком, А1 Македонија и EOLO S.p.A. Одговорите на заинтересираните страни на поставените прашања и ставот на Агенцијата по […]

Известување за испит за аматерски радиооператори

Почитувани,       Ве известуваме дека на ден 13.07.2020 година (понеделник) со почеток во 10 часот ќе се одржи  испит за аматерски радиооператори во Агенцијата за електронски комуникации со адреса на Кеј Димитар Влахов бр. 21 во Скопје. Ве молиме да ги почитувате протоколите за заштита од Ковид 19 и да носите соодветна заштитна маска.

Известување за испит за аматерски радиооператори

Почитувани, Ве известуваме дека на ден 30.06.2020 година (вторник) со почеток во 10 часот ќе се одржи  испит за аматерски радиооператори во Агенцијата за електронски комуникации со адреса на Кеј Димитар Влахов бр. 21 во Скопје. Ве молиме да ги почитувате протоколите за заштита од Ковид 19 и да носите соодветна заштитна маска.

Соопштение за уредба

Како и секаде во светот, така и во Македонија, Корона вирусот ги афектираше сите сектори во националната економија. Секојдневно сме сведоци, преку официјалната државна статистика, како економијата опаѓа од ден во ден. Владата се обидува да го намали падот во економијата преку воведување на многу мерки. Сите граѓани на Македонија можат да го почуствуваат влијанието […]

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите

Агенцијата за електронски комуникации донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИДОТ И СОДРЖИНАТА НА ПОДАТОЦИТЕ И ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ВО ОДНОС НА ПРИСТАПОТ И КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ КОИ ГИ ОБЈАВУВААТ ОПЕРАТОРИТЕ И ЗА ВИДОТ И СОДРЖИНАТА НА ПОДАТОЦИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ, кој што е […]

СООПШТЕНИЕ

Во согласност Законот за електронските комуникации, покрај другите Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) има надлежност и да ги контролира и мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги. АЕК може со подзаконски акт да ги определи параметрите за квалитет на услугите кои треба да се мерат, вклучувајќи и можни начини за сертификација на квалитетот, […]

Целосно онлајн, се одржа првиот национален натпревар во сајбер-безбедност – CyberMK 2020

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти во месец март 2020 година го организираа првиот национален натпревар во сајбер-безбедност, CyberMK 2020. Натпреварот беше од отворен каракатер со фокус на младите од 15-27 години и студентската популација, со цел да се подигне свеста за важноста на сајбер-безбедноста и да се стимулира […]

Соопштение

Во услови кога пандемијата предизвикана од ширењето на новиот корона вирус не знае за граници и во голем степен ја зафаќа и нашата земја треба заедно да се справиме со предизвиците кои што стојат пред нас. Мерките за ограничувањето на физичката комуникација придонесоа голем дел од корисниците на интернет услгуите да бидат дома, а со […]

Соопштение

Почитувани, Ве информираме дека првиот национален натпревар во сајбер-безбедност CyberMK 2020 продолжува онлајн. Во тек е првата фаза за претквалификација. Полуфиналето и финалната фаза од натпреварот ќе се реализираат онлајн и по претходно објавениот план. Дводневната конференција на тема „Сајбер-безбедност и едукација“ планирана за 30-31 март 2020 година се одложува и дополнително ќе известиме за […]

Соопштение

Имајќи ја во предвид препораката од деветнаесеттата седница на Владата, одржана на 14 март 2020 година, во периодот што претстои додека се во сила владините препораки најголем дел од своите работни задачи вработените во Агенцијата за електронски комуникации ќе ги извршуваат со работа од дома. Ова се однесува на сите активности и работи за кои […]

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content