Радиофреквенцискиот спектар (РФ спектар) е ограничен природен ресурс чија употреба е од национален интерес за Република Македонија.
Агенцијата за електронски комуникации согласно Законот за електронските комуникации на Република Македонија, подзаконските прописи, Уставот, Конвенцијата и Правилникот за радиокомуникациите на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), е надлежна за ефикасна употреба на РФ спектарот, односно овозможува непречена работа на различни радиокомуникациски служби, притоа водејќи грижа за заштита на здравјето и сигурноста на корисниците.
За ефикасно управување и раководење со РФ спектарот Агенцијата за електронски комуникации донесува План за намена на радиофреквенциски опсези и План за доделување и користење на радиофреквенции, издава одобренија за користење на радиофреквенции и одобренија за употреба на радио опрема, води Регистар на доделените радиофреквенции и нивните корисници и спроведува контрола и надзор на РФ спектарот.
ДОКУМЕНТИ ВО РФ СПЕКТАР
- Правилник за радиофреквенции кои можат да се користат без одобрение за користење на радиофреквенции
- Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радио фреквенции
- План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Северна Македонија
- План за намена на радиофреквенциски опсези во Република Северна Македонија
- Правилник за користење на радиофреквенции во радиоаматерска служба
- Програма за полагање на радиоаматерски испит
- Правилник за формата и содржината и потребната документација што се доставува со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофрекфенции
- Правилник за формата и содржината на барањето за согласност за пуштање на пазар и ставање во употреба на радио опрема која користи радиофреквенциски опсези што несе хармонизирани на ниво на ЕУ
- Правилник за интероперабилност на дигитални интерактивни телевизиски услуги
- Правилник за интероперабилност на дигитална телевизиска опрема