Оваа методологија за анализа на релевантните пазари ја изготвува Агенцијата за електронски комуникации. Методологијата ги содржи основните принципи согласно кои Агенцијата за електронски комуникации ќе врши дефинирање на релевантни пазари, процес на анализа на релевантните пазари, определување на оператор/и со значителна пазарна моќ на релевантните пазари и определување на обврски на операторот со значителна пазарна моќ.