Select Page

Почитувани,

Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на „Нацрт извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија“ да ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавната расправа. Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на цените на релевантниот пазар- минимален пакет на изнајмени линии. Развојот на моделот се одвиваше во соработка со Анализис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги.

icon 20120727_Нацрт извештај за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија (1016.39 kB 2012-07-27)

icon 20120727_Draft Report for mimimum set of leased lines based on LRIC methodology (993.14 kB 2012-07-27)

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 26.08.2012 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје

или на следниве емаил адреси:

kristina.bozinovska@aec.mk

aleksandar.kocevski@aec.mk