Select Page

{tab=Известување}

Агенцијата за електронски комуникации согласно Годишната програма за работа за 2011 година отпочна со Aнализа на релевантните пазари 3, 9 и 10 дефинирани согласно Одлуката за утврдување на релевантни пазари бр. 02-5015/1 од 23.09.2010 година.

Пазар 3 – минимален пакет на изнајмени линии

Пазар 9 – терминирани сегменти на изнајмени линии

Пазар 10 – преносни сегменти на изнајмени линии.

{tab=Прашалник}

Aнализа на релевантните пазари 3, 9 и 10 Агенцијата ја изготвува користејќи податоци и финансиски информации доставени од операторите до Агенцијата во форма на квартални извештаи.

{tab=Нацрт- документ}

Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Нацрт документ за „ Aнализа на пазар за минимален пакет на изнајмени линии, терминирани и преносни сегменти на изнајмени линии”.

icon 20110323_Втора анализа на пазар 3-9-10 (371.85 kB)

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 23.04.2011 на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје

или на следниве електронски адреси:

ljupco.manevski@aec.mk
slavica.nasteska@aec.mk

{tab=Финален документ}

Агенцијата за електронски комуникации ја известува јавноста дека го објавува финалниот документ за Втора анализа на релевантен Пазар 3 – минимален пакет за изнајмени линии, Пазар 9 – Терминални сегменти на изнајмени линии и Пазар 10 – Преносни сегменти на изнајмени линии, со вклучено мислење од Комисија за заштита на конкуренцијата , мислења од заинтересираните страни пристигнати во текот на јавната расправа  и одговор на истите.

icon 20110527_Втора анализа на релевантен пазар (362.05 kB)

icon 20110527_Одговори на коментари по Нацрт документ за Aнализа на пазар за минимален пакет (146.01 kB)

{/tabs}