Select Page

Радиофреквенцискиот спектар (РФ спектар) е ограничен природен ресурс чија употреба е од национален интерес за Република Македонија. 
Агенцијата за електронски комуникации согласно Законот за електронските комуникации на Република Македонија, подзаконските прописи, Уставот, Конвенцијата и Правилникот за радиокомуникациите на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU),  е надлежна за ефикасна употреба на РФ спектарот, односно овозможува непречена работа на различни радиокомуникациски служби,  притоа водејќи грижа за заштита на здравјето и сигурноста на корисниците. 
За ефикасно управување и раководење со РФ спектарот Агенцијата за електронски комуникации донесува План за намена на радиофреквенциски опсези и  План за доделување и користење на радиофреквенции,  издава одобренија за користење на радиофреквенции и одобренија за употреба на  радио опрема, води Регистар на доделените радиофреквенции и нивните корисници и спроведува контрола и надзор на РФ спектарот.

ДОКУМЕНТИ ВО РФ СПЕКТАР



Важечки пропис: 2