Select Page
Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа првиот јавен состанок за 2014 година. Главна тема на состанокот беа идните генерации на електронски комуникацискимрежи и регулативните предизвици за нивна изградба како и квалитетот на услугите на пазарот за електронски комуникации.
Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два јавни состаноци со цел да им овозможи на сите засегнати страни да се запознаат со работата на Агенцијата, стратегијата, плановите и активностите што следат, како и да им даде можност преку учеството во дискусиите активно да  учествуваат во креирањето на идните чекори кои ги превзема АЕК за да обезбеди подостапни и поквалитетни услуги на пазарот на електронски комуникации.
Состанокот го отвори директорот на АЕК, Г-дин Роберт Орданоски кој одржа поздравен говор пред присутните по што следуваапрезентациите на Синиша Апостолоски – Советник за Телекомуникации, Игор Бојаџиев – Советник за Радиокомуникации и контрола и мониоринг за радиофреквенции во АЕК и Г-дин Владимир Ристевски – Советник за анализа на пазари во АЕК. По завршувањето на секоја од презентациите, на операторите и на другите заинтересирани страниим се овозможи да земат активно учество и со своите коментари, предлози и забелешки да партиципираат во креирањето на идните планови на Агенцијата за електронски комуникации.
{gallery}1js2014{/gallery}