{tab=Известување}
Агенцијата за електронски комуникации отпочна со анализа на пазарот за услуги за завршување на СМС во јавни мобилни комуникациски мрежи (големопродажен пазар). Анализата е со цел утврдување на релевантниот производ, услуга, географскиот пазар каде услугата за завршување на СМС во јавни мобилни комуникациски мрежи се обезбедува како и утврдување на степенот на ефективна конкуренција.
Пазар- Услуги за завршување на СМС во јавни мобилни комуникациски мрежи
{tab=Прашалник}
Анализата на Пазар- Услуги за завршување на СМС во јавни мобилни комуникациски мрежи Агенцијата ја изготвува користејќи податоци и финансиски информации доставени од операторите до Агенцијата во форма на квартални извештаи.
{tab=Нацрт- документ}
Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Нацрт документ за анализа на пазар „Услуги за завршување на СМС во јавни мобилни комуникациски мрежи”
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 16.02.2011 на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје
margarita.cuparkoska@aec.mk ; ljupco.manevski@aec.mk
{tab=Финален документ}
Ве информираме дека Агенцијата за електронски комуникации го објавува Финалниот документ за анализа на пазар за услуги за завршување на СМС во јавни мобичлни комуникациски мрежи со вклучени мислења од заинтересираните страни.
{/tabs}