Правилник за содржината и формата на нотификацијата, потребната документација и потврдата за регистрација

Ве известуваме дека на 18.09.2014 година влезе во сила нов „Правилник за содржината и формата на нотификацијата, потребната документација и потврдата за регистрација“ (Сл. Весник на РМ, бр.138/2014). Воедно ве известуваме дека Агенцијата изработи портал https://e-agencija.aek.mk/ каде што може да најдете детално упатство за најава и користење на услугите на АЕК по електронски пат, вклучително и Барање […]

Втора анализа на малопродажниот пазар број 2

Почитувани, Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации започна со спроведување на втора анализа на малопродажниот пазар број 2 – јавно достапни телефонски услуги на фиксна локација за резиденцијални и деловни корисници. Оваа активност АЕК ја спроведува согласно ЗЕК, Програмата за работа за 2014 и согласно Одлуката за утврдување на релевантни пазари што се подложни […]

Потпишан Технички договор

Потпишан Технички договор за прекугранично усогласување на фреквенциите помеѓу Агенцијата за електронски комуникации и Управата за електронски и поштенски комуникации во Албанија за планирање и координација на фреквенциите во пограничните области за GSM/UMTS/LTE технологии за фреквенциските опсези: 880-915/925-960 MHz, 1710-1785/1805-1880 MHz, 1900-1980 MHz, 2010-2025 MHz и 2110-2170 MHz. Технички договор за прекугранично усогласување на фреквенциите

Регионален состанок на регулаторите за електронски комуникации во Скопје

Скопје, 21.08.2014. Започнувајќи од денес, во организација на Агенцијата за електронски комуникации, во текот на наредните два дена ќе биде одржан регионален состанок на регулаторите за електронски комуникации на државите од регионот. На регионалниот состанок на Националните регулатори за електронски комуникации, кој по втор пат се одржува во Скопје ќе бидат дискутирани поголем број на […]

Известување за продолжување на рокови за јавна расправа по Нацрт документот за втора анализа на малопродажен пазар за пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација и Нацрт методологијата за анализа на релевантни пазари

Почитувани,На барање на заинтересираните страни Агенцијата за електронски комуникации ги продолжува роковите за јавна расправа (доставување на мислења и забелешки ) по: Нацрт документот за втора анализа на малопродажен пазар за пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација чиј рок е до 29 август го продолжува рокот за доставување на коментари заклучно со 13 […]

Извештај од прва мерна кампања на работната група за изготвување на „LTE – насоки за воведување и компатибилност со DVB-T и GSM900“

Извештај од прва мерна кампања на работната група за изготвување на „LTE – насоки за воведување и компатибилност со DVB-T и GSM900“

Јавен состанок по Правилник за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства

Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 став (4) од Законот за електронски комуникации ( Сл. Весник бр. 39/2014), ќе одржи јавен состанок  по „ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ И ПРИДРУЖНИ СРЕДСТВА “. Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи на 01.07.2014 год.  во […]

Одржан Прв јавен состанок на АЕК за 2014 година

Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа првиот јавен состанок за 2014 година. Главна тема на состанокот беа идните генерации на електронски комуникацискимрежи и регулативните предизвици за нивна изградба како и квалитетот на услугите на пазарот за електронски комуникации. Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два […]

Хуманитарна акција за граѓаните на Република Србија и Република Босна и Херцеговина

Во духот на солидарноста и пријателството со граѓаните на Република Србија и Република Босна и Херцеговина, а со цел да им се помогне на настраданото население во поплавените подрачја, Агенцијата за електронски комуникации зеде активно учество во акцијата на Црвениот крст на Република Македонија за собирање на конкретна помош за настраданото население. Дел од вработените […]

Анализа на релевантeн големопродажен пазар 11

Агенцијата за електронски комуникации согласно Годишната програма за работа за 2014 година отпочна со анализа на релевантниот големопродажен пазар 11 дефиниран согласно Одлуката за утврдување на релевантните пазари што се подложни на претходна регулација број 02-5015/1 од 23.09.2010 година и Одлуката за дополнување на Одлуката од 3 Март 2011 годинa и тоа:     Пазар […]

Авторски права © 2015 Агенција за електронски комуникации. Сите права се задржани.

Skip to content