Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За изјавување на интерес за доделување на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 470 -790 MHz за оператор на дигитален терестријален систем.
Операторот на дигиталниот терестријален систем треба да започне со работа од 01.06.2013 година. Со започнувањето со работа, операторот ќе има обврска да ги емитува програмските сервиси на телевизиските радиодифузери кои ќе добиат дозвола за телевизиско емитување преку дигитален терстријален мултиплекс во Република Македонија., почитувајќи ги принципите на објективност транспарентност, пропорционалност и недискриминација.
Изјавата за интерeс се доставува во писмена форма и истата особено треба да содржи:
– број на мултиплекси за кои се заинтересирани,
– кој стандард DVB-T или DVB-T2
– заинтерсираност за обезбедување на DVB-H
– заинтересираност за емитување во HD-TV; и
– други информации и мислења за кои сметаат дека треба Агенцијата да биде информирана.
Се повикуваат сите заинтересирани домашни и странски правни лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик да ги достават изjaвите за интерес.
Изјавата се доставуваат на адреса:
Агенција за електронски комуникации
Ул. Димитрие Чупоски бр.13
Скопје
или на e-mail: jane.jakimovski@aec.mk