Агенцијата за електронски комуникации на ден 06.09.2011 потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) со кој се утврди рамката на реализација на соработката за работите од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните капацитети на двете институции во насока на унапредување на едукативните , истражувачките и апликативните активности од областа на информатичките науки, компјутерското инженерство и електронските комуникации. Меморандумот за соработка од страна на Агенцијата за електронски комуникации го потпиша Директорот Роберт Орданоски , а за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – в. д. Декан Професор Д-р Димитар Трајанов.
Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство
Дома » Соопштенија2 » Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство
06/09/2011